Адвокат Сашко Костов

Адвокатска канцеларија во Кочани

Кои сме ние

Адвокат Сашко Костов

Канцеларијата на адвокатот Сашко Костов е една од водечките адвокатски канцеларии во општина Кочани, која постои повеќе од 10 години со седиште во Кочани. Во канцеларијата има вработено адвокатски приправници, задолжени за различни области на правото. Основач на Адвокатска канцеларија е м-р Сашко Костов, адвокат, и регистрационен агент пред Централен Регистар на РМ, со повеќе од 25 годишно искуство во правосудството. Адвокатската канцеларија Сашко Костов на своите клиенти им нуди комплетна правна помош во разни области на правото, а особено во толкувањето и примената на законските прописи од областа на деловното право и право на трговски друштва.

ОБЛАСТИ НА РАБОТА

ТРГОВСКО ПРАВО РАБОТНИ ОДНОСИ ДЕЛОВНО ПРАВО ГРАДЕЖНИШТВО ПРАВО НА СОПСТВЕНОСТ СЕМЕЈНО И НАСЛЕДНО ПРАВО ДОГОВОРНО ПРАВО КРИВИЧНО ПРАВО ЗАСТАПУВАЊЕ ПРЕД ДОМАШНИ СУДОВИ И ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ТРГОВСКО ПРАВО

Адвокатот Сашко Костов има широко искуство во креирање на деловни потфати преку припојување и превземања на домашни друштва од странски инвеститори, постапка за основање на трговски друштва, статусни промени (присоединување, спојување и поделба) и реорганизација на друштва, отворање на сметки, основање подружници и други дејности неопходни за започнување и подобрување на работењето на едно друштво. Најголем дел од овие активности се спроведуваат во Централниот регистар, за што нашата канцеларија поседува лиценца за Регистрационен агент. Нашата адвокатска канцеларија има искуство во склучување на трговски договори, договори за меѓународна продажба на стоки, склучување на договори за транспорт на стоки во железнички, поморски, авионски сообраќај, договори за шпедитерски услуги, договори за лизинг, фрашншиза и факторинг.

РАБОТНИ ОДНОСИ

Адвокатот Сашко Костов обезбедува правни услуги во сите области на трудово-правната област. Нашите услуги се состојат од составување на договори за вработување, менаџерски договори согласно меѓународни стандарди и искуства, припремање на општи акти (правилници за работа, дицплинска постапка, систематизација на работни места, и сл.), статути, одлуки од областа на работните односи, а вклучително вршиме и пријавување и одјавување на работници, како и други постапки пред соодветните административни и судски органи.

ДЕЛОВНО ПРАВО

Адвокат Сашко Костов е посветена на одржување и развивање на широк опсег на области на работа, имаме искуство во пружање на правна помош на трговските друштва во секој домен од нивното работење, како и нудење на соодветни правни мислења, анализи и совети за корпоративното управување. Наша специјалност е изработување на сеопфатна проценка на можните правни ризици поврзани со корпоративниот статус, побарувања, договори, интелектуална сопственост на една компанија – процес кој е познат како подготовка на due diligence анализи.

ГРАДЕЖНИШТВО

Адвокатот Сашко Костов нуди пакет на консултативни правни услуги кога станува збор за секторот градежништво, од самиот почеток на склучување договори за градење, па се до водење на управна постапка за добивање на одобрение за градба. Имаме искуство во изработка и склучување на договори за заедничка градба. Исто така, нудиме советодавни услуги во водење на административни постапки за легализација на бесправно изградени објекти, постапки за експропријација.

ПРАВО НА СОПСТВЕНОСТ

Сопственоста е една од областите кои доколку не се добро уредени може да предизвикаат големи проблеми во деловното работење, но и во секојдневниот живот. Поради тоа, важно е сопственичките односи и права да се регулираат со договор, а за таа цел нашата канцеларија изработува најразлични договори од оваа област, како договор за продажба, за дар, за размена, закуп, делба на имот за време на брак и слично. Нашите договори се сеопфатни и правно издржани, со што се елиминира опасноста од настанување на спор.

СЕМЕЈНО И НАСЛЕДНО ПРАВО

Оваа област на правото навлегува во чувствителни и интимни делови од животот. Имајќи го ова предвид, адвокатот Сашко Костов ги спроведува ваквите постапки со високо ниво на доверливост и разбирање кон клиентите. Ова подразбира дека ги преземаме сите мерки со цел постапката да се заврши побрзо, полесно и помирно, а во исто време да се дојде до долгорочно и правно издржано решение, било да се работи за предбрачни договори, дејствија за престанок на брак, решавање на имотно-правни спорови, водење на постапки за наследување и сл.

ДОГОВОРНО ПРАВО

Адвокатот Сашко Костов има децениско искуство во составување и спроведување на најразлични договори со кои се уредуваат односите помеѓу две или повеќе лица. Соодветно уредување на правните односи помеѓу трговските друштва пред започнување со било каква трговска активност е од суштествено значење како за ефикасно спроведување на работата така и за намалување на веројатноста да настане спорна ситуација.

КРИВИЧНО ПРАВО

Адвокатот Сашко Костов има децениско искуство во предмети во кривична постапка пред сите судови во нашата република. Има работено чувствителни предмети со застапување и одбрана на малолетници во кривична постапка, одбрана и застапување за кривични дела сторени при вршење на семејно насилство; организиран криминал и корупција и сл.

ЗАСТАПУВАЊЕ ПРЕД ДОМАШНИ СУДОВИ И ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

За искуството на нашата адвокатска канцеларија во постапувањето пред судските инстанци на територијата на Република Македоинја говори фактот што сме дејствувале како полномошници и застапници на многу физички лица и големи домашни и странски правни лица, во предмети од граѓанска, кривична и управна материја. За нашето ефикасно работење, стручност и способност говори високиот процент на добиени спорови и на задоволни клиенти. Адвокатот Сашко Костов има искуство во креирање на апликација за застапување пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Адвокати

Двајца вработени: Адвокат и Адвокатски приправник

Сашко Костов

Адвокат

Александар Постолов

Адвокат приправник